
ВИДЕО | Што значи „хуја“? – Поздравот на Меланија Трамп ја збуни јавноста на прославата на морнарицата
Меланија Трамп ги изненади многумина со зборот со кој го започна својот говор на прославата по повод 250-годишнината од основањето на американската морнарица, одржана на 5 октомври. Настанот се одржал во поморската база Норфолк во Вирџинија, а присуствувале околу 10.000 морнари во свечени бели униформи.
Препорачано
И Доналд Трамп (79) и Меланија (55) одржаа говори на настанот. Првата дама застана зад говорницата за да им се обрати на присутните, истакнувајќи дека ѝ е „чест“ што е дел од една ваква историска прослава. Сепак, токму нејзиниот воведен збор предизвика најмногу реакции и конфузија. Таа го започна својот говор 3 пати извикувајќи: „Хуја (hooyah), морнарицо!“, на што публиката веднаш возврати со скандирање: „Хуја!“
Видеото од говорот брзо се прошири на социјалните мрежи, каде што корисниците се прашуваа што всушност значи таа израз.
„Што, по ѓаволите, е ’хуја‘? … некој да објасни?“ – праша еден корисник на Твитер. Други се пошегуваа: „Дали ’хуја‘ значи ’здраво‘?“.
Имаше и такви кои беа воодушевени од потегот на Меланија.
„Како ужива Меланија во моментот, ми се допаѓа“, гласеше еден комен: тар. „Ете, тоа е само стара добра забава за сите. Напред, морнарицо!“ додаде друг.
Меланија го продолжи говорот велејќи:
„Чест ми е да бидам со вас и да ја одбележиме 250-годишнината од основањето на морнарицата на Соединетите Американски Држави. Генерации морнари ја ослободија Америка со своето присуство на отворените мориња. Вашата сила, храброст и жртва нè инспирираат сите.“
Што значи „хуја“?
„Хуја!“ е борбен извик кој се користи во американската морнарица, главно за подигање на моралот. Според „Cambridge Dictionary“, тоа е позитивен израз што се користи за покажување одобрување, согласност или охрабрување.
Како што пренесува „Military Times“, извикот првично го користеле припадници на специјалните единици, а се смета дека потекнува од основната обука за подводно уривање, позната како SEAL обука. Инструкторите го користеле како израз на инает за време на најтешките тренинзи, а кандидатите почнале да возвраќаат со сопствено „хуја“. Со текот на времето, изразот станал симбол на заедништво и се проширил и во другите единици. Денес се користи како поздрав и борбен поклич за зајакнување на тимскиот дух што, изгледа, токму и го сакаше Меланија да постигне.