ВИДЕО што предизвика вознемиреност: Аргентинци вртеа змија боа како да е јаже и скокаа

Измачување на боа во Аргентина/Фото: Скриншот

Видеото објавено на социјалните мрежи на кое се гледаат тројца мажи како скокаат на јаже користејќи огромна боа констриктор предизвика бурни реакции во Аргентина.

Двајца од мажите ја држат боата за главата и опашката, додека третиот се обидува да го скока рептилот како да е јаже.

Она што уште повеќе збеснува е што на видеото се слушаат тројцата мажи, како и лицето кое го снима злоставувањето на рептилот, како се смеат на нивниот нечовечки чин.

Мачењето за боа констрикторот, кој залудно се обидува да се ослободи, заврши дури кога човекот кој ги правеше скоковите се сопна и падна.

Засега останува нејасно дали мажите што се гледаат на видеото се идентификувани и дали против нив е покренато обвинение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот