Фото: Принтскрин / Инстаграм

ВИДЕО | „Што мисли која е таа?“: Ања Тејлор Џој ги разбесни обожавателите поради своето арогантно однесување во Кан

Актерката Ања Тејлор Џој, која моментално го промовира својот нов филм „Фуриоза: Сага за Лудиот Макс“, најновиот дел од франшизата „Лудиот Макс“, предизвика лавина реакции поради нејзиното однесување кон обожавателите во Кан, Франција.

Имено, на интернет кружи видео на кое Ања, опкружена со обезбедување, поминува покрај обожавателите кои од неа бараат автограм.

Таа неволно потпишала неколку фотографии, а потоа ја искористила својата гломазна шапка да го скрие лицето за да не може толпата да ја фотографира. Таа со избрзан чекор стигна до автомобилот и седна на задното седиште без да погледне назад кон насобраната толпа што ја следеше.
Нејзиното, според многумина, арогантно однесување го збесна тимот на интернет.

„Што мисли која е таа?“; „Каква ароганција. Полека девојче, сите ќе завршиме на исто место на крајот“; „Таа е толку препотентна. Вака нејзината слава нема да трае долго“; „Луѓето не разбираат дека скромноста и понизноста се привлечни. Таа е само арогантна“, се дел од стотиците коментари.

Но, се огласија и оние кои се обидоа да ја оправдаат и напишаа дека актерката не гледа добро поради капата и наочарите и затоа така се однесувала.

Инаку, актерката во едно неодамнешно интервју изјави дека знаела дека снимањето на „Фуриоза“ ќе биде тешко, но дека не била подготвена за тоа што ја чека. Иако не сакала да навлегува во детали, актерката изјави дека ѝ биле потребни две години да се опорави по завршувањето на снимањето.

ФОТО+ВИДЕО | Ања Тејлор Џој потврди дека тајно се омажила: Им послужиле торта во форма на човечко срце на гостите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!