Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

ВИДЕО: Шомордов со гол во 94. минута го сруши Атлетик Билбао

Eкипата на Рома славеше победа од 2:1 над Атлетик Билбао и тоа со гол во 94. минута, а херој беше Узбекистанецот Шoмородов.

„Волчицата“ имаше повеќе од играта и се закануваше во првото полувреме. Најголемата прилика ја пропушти Паоло Дибала кој ја погоди пречката. На пауза се замина со почетниот резултат.

Клубот од Баскија подобро го започна вториот дел и во 50. минута стигна до водство, стрелаше Ињаки Вилијамс. Сепак, набрзо се разбуди и Рома и преку Анхелињо дојде до израмнување.

Победата за „волчицата“ пред реваншот на „Сан Мамеш“ ја обезбеди Шомородов во последните моменти од средбата.

На останатите три средби, Ајнтрахт славеше против Ајакс во Холандија со 1:2, Бодо Глимт стигна до голема победа над Олимпијакос од 2:1, додека Лацио и со два играчи помалку славеше над Викторија Плзен со 2-1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот