Фото: Profimedia / Tiktok

ВИДЕО | Шокантни сцени пред судот во Њујорк: Обожавателите на Диди се полеваа со бебешко масло, една жена ги покажа градите

Шокантни сцени беа снимени пред судот во Њујорк откако беше прочитана пресудата за раперот Шон „Диди“ Комбс. Неговите обожаватели си истураа бебешко масло пo телото, а една жена ги покажа своите гради.

Откако дознаа дека е ослободен од обвиненијата за трговија со луѓе со цел проституција и рекетирање, тие почнаа да слават, а „Ти-ем-зи“ ја објави снимката.

„Какво непочитување кон неговите жртви“; „Ова е одвратно. Немам доверба во нашиот правосуден систем“; „Што им е на овие луѓе?“, беа некои од коментарите.

Фото: Niyi Fote / imago stock&people / Profimedia

Како што е познато, во септември минатата година, кога полицијата го уапси Диди, пронашла околу 1.000 шишиња бебешко масло во неговиот дом и хотелите каде што престојувал.

Тој ги користел за време на злогласните забави, кои ги нарекувал „фрик-офс“. Неговиот адвокат Марк Агнифило, за време на читањето на завршните зборови, им се потсмеваше на обвинителите кои неколку пати ја споменаа неговата употреба на бебешко масло.

За потсетување, Диди е прогласен за виновен по две точки за „пренесување лица со цел проституција“. Истовремено, тој е ослободен од најтешките обвиненија: рекетарска завера и трговија со луѓе за сексуални цели. Раперот, кој беше потенцијално соочен со доживотен затвор, сега се соочува со максимална казна од 20 години.

@tmz We’ve got one staple of a #freakoff outside the #courthouse where #Diddy just skated on the most serious criminal charges against him … his fans are lathering themselves up with #babyoil ♬ original sound – TMZ

Сè уште неизвесно: Поротата не успеа да донесе одлука за ниту една од петте точки од обвинението за рекетирање во случајот со Диди

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот