фото: KF Shkendija

ВИДЕО: Шкендија во контролен меч ремизираше со Динамо Киев

Фудбалскиот клуб Шкендија одигра уште еден пријателски натпревар во Анталија како подготовка за вториот дел од сезоната.

Тетовските „црвено-црни“ денеска ремизираа против екипата на Динамо Киев со конечен резултат 1:1.

По првото полувреме водеа играчите на тренерот Јетон Беќири со погодокот на Аденис Шала во 26 минута од средбата.

Украинците успеаја да го избегнат поразот во 60 минута кога мрежата на Шкендија ја затресе Ванат.

Стартниот состав на ФК Шкендија: Талески, Реџепи, Цаке, Мелиќи, Коцев, Ќака, Тотре (капитен), Красниќи, Шала, Адеми, Чинари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот