фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

ВИДЕО | Шенгелија ја водеше Грузија до триумф над Кипар – следува важен меч со БиХ на Евробаскет

Најдобрите кошаркари на Грузија остварија многу важна победа на Европското првенство, откако денеска го совладаа Кипар со 93:61 (15:13, 27:13, 26:15, 25:20) и останаа во игра за место во нокаут фазата.

Грузиската селекција, предводена од клупата од Александар Џикиќ, моментно има учинок 2-2 и во последното коло ќе одлучи кој ќе се пласира во осминафиналето во директен дуел со Босна и Херцеговина (2-2).

Уште на самиот старт од натпреварот стана јасно дека Грузија ќе ја оствари победата. Веќе во првото полувреме разликата беше „+16“ коша разлика за играчите на Џикиќ (42:26).

Ништо не се промени во остатокот од дуелот, позитивата само растеше, до максималните „+34“ – 78:44.

Најефикасен играч за победниците беше Торнике Шенгелија со 27 поени, по што следуваше Гога Битдзе која забележа дабл-дабл учинок – 21 поен и 13 скока. На спротивнатс страна, најдобар беше Дарел Вилис со 19, додека Филипос Тигас додаде 11 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!