Дарко Чурлинов беше стартер за Шалке, но беше „виновникот“ за поразот од Минхен 1860/Фото: twitter.com/s04/FC Schalke 04

ВИДЕО: Шалке и македонскиот репрезентативец Чурлинов итаат кон враќање во Бундеслигата

Екипата на Шалке денеска во рамките од 10 коло во втората Бундеслига славеше на гостувањето кај Хановер со резултат 0:1 за вкупно шеста победа (трета по ред) сезонава.

Составот предводен од грчкиот тренер Грамоцис имаа амбиции следната година да се врати во најсилното германско првенство.

Единствениот погодок беше реализиран во самиот финиш од средбата (90+5`) преку Камински после асистенцијата на Палсон.

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов настапи од 85 минута какоа замена за Уругваецот Залазар.

На табелата моментно на делба на првото место со по 19 бодови се Ст. Паули, Регенсбург и Шалке, со напомена дкеа Ст. Паули својот меч од оваа рунда ќе го има в сабота.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот