ВИДЕО | Шабани: Доста беше од нереализирани луѓе на државни функции

Самет Шабани од „Хоризон цивитас“ / Утрински брифинг

Цело време имаме капања која што се води по слики каде што се седи на неформален ручек и тоа ни дава чувство дека всушност не станува збор за некои долготрајни политики или партнерства кои што се вградени врз основа на вредности, туку ад хок партнерства коишто се однесуваат на менаџирање со власта, изјави за Утрински брифинг Самет Шабани од „Хоризон цивитас“.

-Не гледаме некоја тркалезна маса кадешто седат повеќе активисти на партиите, да се разменат искуства, дискусии, вредности. Политичките партнества не се темелат на вредности туку врз една утилитарна функција, додаде Шабани.

-Ние имаме темелен проблем. Ние немаме политички проблем, имаме социолошки проблем. Начинот како генерираме мислење кај граѓаните, во однос на гласањето, учеството во политиката рефлектира дека имаме проблеми со социологијата на општеството, вели Шабани.

-Постојано имаме импут од страна на политичарите дека гласањето е трговија на некои позиции, наместо тоа дека гласањето е едно од највредните услуги кои што граѓанинот ги дава за својата иднина, вели Шабани.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот