Фото: Инстаграм/Тамара Тодевска

ВИДЕО | Сестрински тандем за победа: Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ триумфираа на „Женско рели“!

Денеска, по шести пат, Автомобилистичката федерација на Македонија го организираше традиционалното „Женско рели“ низ скопските улици. Настанот привлече 80 учеснички, меѓу кои и познатите пејачки и сестри, Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ.

Женското рели започна во 10.30 часот кај спортскиот центар „Борис Трајковски“. Натпреварувањето се одвиваше во два дела – првиот дел вклучуваше градско возење по однапред зададена патека, која се соопштува непосредно пред стартот, додека вториот дел беше брзински испит.

Организаторите изјавија дека преку овој настан сакаат да ги поттикнат жените и девојките да се вклучат во автомобилизмот како спорт, но и да испратат порака за еднаквост, внимание и почит во сообраќајот.

Тамара и Тијана го споделија своето искуство на социјалните мрежи. Во видео објавено на Инстаграм, Тијана изјави: „Тамара вози на Женско рели, а јас ѝ пречам како совозач. Исплашен совозач“.


Сестрите не само што учествуваа, туку и го освоија првото место како возач и совозач, докажувајќи дека умеат да се снајдат и на тркачката патека.

„Кој сака, нека честита“, напиша Тодевска на Инстаграм.

ВИДЕО | „Љубов моја, среќен роденден“: Тамара Тодевска му посвети емотивна појава на саканиот Лука

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот