Фото: EPA-EFE/Miguel Sierra

ВИДЕО: Серхио Рамос го постигна првиот гол во дресот на Монтереј

Шпанскиот дефанзивец, Серхио Рамос во победата од 4:2 над Сантос Лагуна го постигна својот гол во дресот на Монтереј.

Рамос осум месеци беше без клуб пред да се пресели во редовите на Монтереј каде што пристигна неодамна и веднаш ја доби капитенската лента.

Погодокот за мексиканскиот клуб го постигна во 57-та минута и донесе водство за својот тим од 2:1. За шпанскиот ветеран ова беше само втор натпревар во дресот на Монтереј и ги одигра комплетните 90 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот