Фото: EPA-EFE/LUKAS COCH

ВИДЕО | Сензација на Австралија Опен: 16-годишна тинејџерка ја елиминираше својата идолка

Mладата тенисерка Мира Андреева приреди изненадување на Австралија Опен откако со само два загубени гема ја совлада Онс Жабер (6:0, 6:2) која е шеста тенисерка на ВТА листата.

Само 56 минути и беа потребни на 16-годишната тинејџерка да ја победи Жабер, а по натпреварот откри и дека токму Жабер била тенисерката која е нејзина инспирација.

„Пред мечот бев нервозна затоа што Жабер и нејзиниот начин на игра за мене беа инсипрација. Пред да почнам да играм во сениорска конкуренција постојано ги гледав нејзините мечеви, а сега добив можност да играме против неа. Искрено првиот сет бев неверојатна, не очекував дека можам да одиграм на такво ниво“, изјави Андреева.

Андреева важи за една од најталентираните тенисерки во светот, а најголемиот успех го оствари минатата година кога на Вимблдон стигна до четвртото коло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот