Фото: EPA/MIGUEL RODRIGUEZ

ВИДЕО | Сензација во Орландо: Ал Хилал по продолженија го елиминираше Манчестер сити!

Во драматичен натпревар кој траеше дури 120 минути, Ал Хилал предводен од Симоне Инзаги приреди сензација и со 4-3 го совлада Манчестер сити, еден од главните фаворити за титулата на Светското клупско првенство.

Сѐ започна според планот на Пеп Гвардиола, Бернардо Силва уште во 9. минута го отвори резултатот и донесе водство за Сити. Англичаните го контролираа темпото на игра и на полувремето заминаа со минимална предност.

Но, второто полувреме донесе вистинска драма. Веднаш по стартот, Маркос Леонардо изедначи на 1-1, а до 52. минута Малком го шокираше Сити со гол за водство на Ал Хилал од 1-2. Само три минути подоцна, Ерлинг Халанд го врати Сити израмнувајќи на 2-2, резултат кој остана непроменет до крајот на регуларните 90 минути.

Во продолженијата, драма до самиот крај. Кулибали со удар со глава во 94. минута повторно му донесе водство на Ал Хилал. Но, одговорот на Сити стигна преку Фил Фоден кој претходно влезе од клупата за резерви. Кога изгледаше дека пеналите ќе го решаваат победникот, Маркос Леонардо во 112. минута стрелаше за голем подвиг на саудискиот клуб.

Противник на Ал Хилал во четвртфиналето ќе биде Флуминенсе кој претходно исто така приреди големо изненадување совладувајќи го Интер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот