Сенегал за пласман во финалето ќе игра против Буркина Фасо/Дуала, Камерун/30 јануари 2022/Фото: EPA-EFE/FOOTOGRAFIIA

ВИДЕО: Сенегал е последниот полуфиналист во Африканскиот куп на нации

Фудбалерите на Сенегал ја совладаа Екваторијална Гвинеја со резултат 3:1 и се пласираа во полуфиналето на Африканскиот куп на нации.

Сенегал без поголеми проблеми се најде помеѓу најдобрите четири репрезентации во ова натпреварување.

За пласман во големото финале Сенегалците ќе играат против Буркина Фасо, селекција која претходно го елиминираше Тунис.

После првото полувреме водеше составот на Алиу Сисе со погодокот на Дједју во 28 минута од средбата.

Израмни Екваторијална Гвинеја со голот на Бујла во 57 минута, а останатите два погодоци за Сенегал ги постигнаат Кујате и Сар.

Африкански куп на нации

Полуфинале, двојки –

Буркина Фасо – Сенегал
Камерун – Египет

ВИДЕО: Египет за финале против Камерун во Африканскиот куп на нации

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот