Селин Дион / Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

ВИДЕО | Селин Дион за првпат во јавност по Олимпијадата во Париз: Во емотивен говор зборуваше за предизвиците и надежта

Пејачката Селин Дион се појави на гала вечерата по повод доделување на наградите Spirit of Life и одржа моќен говор за надежта додека ја доделуваше наградата Spirit of Life, пренесува „Пејџ сикс“ (Page Six).

Пејачката за време на својот говор истакна дека центарот за биомедицински третман е добро именуван затоа што прават многу повеќе од важни истражувања кои водат до нови третмани.

„Тоа им обезбедува грижа на луѓето кога имаат најголема потреба во најтешкиот период од нивниот живот. Тоа е многу важно“, рече Дион, на која ѝ беше дијагностициран синдром на вкочанета личност во декември 2022 година.

Таа потоа додаде: „Тоа ја дава најскапоцената состојка, дава надеж. И знам колку е важно тоа“.

Дион тогаш рече дека за време на огромните предизвици во животот потребно е да продолжиме да имаме надеж и да бидеме позитивни.

„Знам дека во нашите прекрасни животи, исполнети со семејство, радост и љубов, можеме да се соочиме со огромни предизвици, со големи тестови на верба и сила“, рече добитничката на Греми.

Таа рече дека за многумина кои го искусуваат ова во одреден момент, голема радост е да се соберат на церемонијата на доделувањето за да направат сѐ што е во нивна моќ да помогнат да се шири овој голем дар на надеж.

Таа вечер, Дион му ја додели наградата Spirit of Life на Џеј Марчиано, претседател и извршен директор на AEG Presents.

На веб-страницата на организацијата се наведува дека целта на нивната годишна кампања е да ги соберат уметниците „за поддршка на спасувачка мисија во борбата против ракот и дијабетесот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот