Фото: Принтскрин / Тикток

ФОТО+ВИДЕО | Седум години откако се заљубиле: Пар откриле фотографија од градинка каде што позираат еден до друг

Мајкл и Ешли Мур од Велика Британија се запознале на Инстаграм во 2018 година. Тој ѝ испратил порака, таа веднаш одговорила, а неколку години подоцна се венчале. Тие го имаат синот Алфи (3), и моментално го очекуваат своето второ дете, кое треба да се роди во јули.

Но, нивната приказна има неверојатен пресврт – двајцата всушност позирале заедно на фотографија од детската градинка, седејќи еден до друг – години пред да се заљубат, без ни да го сфатат тоа.

Фото: Принтскрин / Тикток

„Дури додека се селевме и пребарувавме кутии во куќата на моите родители, ја најдовме фотографијата. Не можевме да веруваме – седиме еден до друг! Прекрасно е чувството да се знае дека сме биле еден покрај друг целиот наш живот некаде“, изјавила Ешли за „Дејли мејл“.

Таа ја сподели фотографијата од детската градинка и на Тикток, а луѓето во коментарите се воодушевени од нивната приказна.

Фото: Принтскрин / Тикток

Многумина ги споделија своите слични приказни, од бракови до пријатели од детството, до хумористични коментари за тоа како сите сега почнуваат да ги проучуваат сликите од градинка на своите деца во потрага по „идни партнери“.

„Ова е судбина. Не знам како поинаку да ја опишам“; „Прекрасна љубовна приказна“, биле дел од коментарите.

Интересно е што Ешли и Мајкл се забавувале кратко во тинејџерските години, но изгубиле контакт по средното училиште. Тие повторно се споиле преку социјалните медиуми и оттогаш се неразделни.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!