Се урна мост во Пекинг/Фото: Икс

ВИДЕО | Се урна мост во Пекинг, нема повредени

Мост во североисточниот округ Шунји во Пекинг се урна во средата наутро откако избувна пожар во неговата структура, објавија локалните власти.

Инцидентот се гледа и на видеата што кружат на социјалните мрежи.

Како што јавува Асошиејтед прес, нема повредени, бидејќи мостот веќе бил затворен за сообраќај.

Станува збор за мостот на реката Чаобаи, кој беше оштетен откако утринава избувна пожар. Пожарот подоцна бил изгаснат, додека властите ги истражуваат неговите причини. Пристапот до мостот бил блокиран на двете ленти кога неговиот централен дел се урнал поради структурна слабост.

Видеата што кружат на социјалните мрежи покажуваат густ сив чад како се издига од страните на мостот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот