Се урна бомбардер во Русија / Фото Телеграм

ВИДЕО | Се урна бомбардер во Русија

Бобардер Ту-22М3 се урна во руската област Ставропол, соопшти руското Министерство за одбрана, пренесува руската новинска агенција РИА Новости.

„На Ставрополската територија, по извршување на борбена мисија при враќање на домашниот аеродром, се урна авион Ту-22М3 на руските воздушни сили. Пилотите се катапултирале“, се вели во соопштението.

На социјалните мрежи се појави видео на кое наводно се гледа авионската несреќа, но нејзината автентичност не е потврдена.

Тројца членови на екипажот биле евакуирани од тимот за пребарување, додека потрагата по четвртиот се уште трае.

„Според прелиминарните податоци, причина за несреќата е техничка неисправност. Во авионот немало муниција; паднал во напуштена област. Нема уништување на теренот“, соопшти руското министерство.

Гувернерот на регионот Ставропол, Владимир Владимиров изјави дека авионот се урнал во областа Красногвардејски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот