Даутцен Крос / Фото: ANGELA WEISS / AFP / Profimedia

ВИДЕО | Се снајде како вистински професионалец: Познатата манекенка доживеа незгода на ревијата на „Викторијас сикрет“

За време на спектакуларната модна ревија на „Викторијас сикрет“ во Њујорк, холандската манекенка Дауцен Крос ја покажа својата професионалност кога ѝ се случи неочекувана незгода.

Имено во видеото кое се појави на социјалните мрежи, може да се види како Дауцен се движи по пистата со звукот на песната „Femininomenon“ на Чапел Роан, кога нејзината потпетица одеднаш се заглави во тенка пукнатина на пистата.

Таа со голема присебност се наведна да ја ослободи петицата, додека нејзината колешка Имаан Хамам ѝ понуди поддршка. Откако успешно ја извади петицата, Дауцен продолжи самоуверено да чекори по пистата. Нејзиниот изглед беше впечатлив бидејќи носеше пастелно розов градник и розово-бела долна облека, која елегантно ја прикачи со проѕирно бело мрежесто здолниште.

Отворените розови потпетици со прерамки украсени со пеперутка додадоа допир на шарм на нејзиниот изглед, додека големите бели обетки го истакнаа нејзиниот раскош.

Оваа модна ревија е особено значајна затоа што „Викторијас Сикрет“ по шест години се врати на модната сцена, а Дауцен беше една од големите ѕвезди. На пистата се појавија и легендите од модниот свет како Тајра Бенкс, Џиџи и Бела Хадид, Адријана Лима, како и талентираните Имаан Хамам, Ешли Греам и трансродовите модели Валентина Сампајо и Алекс Козани.

ФОТО | Кралицата се врати! Адријана Лима се „стопи“ и го покажа вонсериското тело на ревијата на „Викторија сикрет“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот