Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ / Фото веб страница на СДСМ
Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ / Фото веб страница на СДСМ

ВИДЕО | СДСМ поднесе пријава до Антикорупциска за тендерот за униформите на специјалците во МВР

СДСМ поднесе пријава до Антикорупциската комисија за како што го нарекоа скандалозниот тендер во Министерството за внатрешни работи, за набавка на униформи за специјалните единици.

Оттаму бараат Државната комисија за спречување коруцпија итно да постапи по пријавата.

Секој ден власта ја тресат корупциски скандали. Буквално смрди на коруцпија во врвот на власта. Последен е скандалозниот тендер во МВР од 4 милиони евра кој го добива и фирма основана 20 дена пред распишување на тендерот. Фирма без искуство, без капацитет, а вчера видовме и дека е без седиште. Фаном фирма ли е? Како е можно ваква фирма да добие тендер за специјализирана опрема за полицијата? Ова е огромен скандал поврзан со Панче Тошковски кој бара итна институционална реакција. Денеска сме пред Државната комисија за спречување на корупцијата, да побараме итно постапување по овие сериозните сомнежи за корупција, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

Таа додаде дека партијата ќе предаде и документи во телото за борба против корупцијата и судирот на интереси.

Да се истражи до крај, дали станува збор за местен тендер, однапред договорен? Чии интереси стојат зад овој тендер вреден 4 милиони евра? ДКСК мора да отвори предмет, да ги истражи сите факти и конечно – да обезбеди одговорност. Време е ДКСК да покаже дека не се неми набљудувачи на криминалот, туку бранители на јавниот интерес, рече Кузеска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот