ВИДЕО | СДСМ: Фирма на молер со кривична историја во Германија добила тендер да чисти во РЕК-Битола

Потпретседателот на СДСМ Методија Илиевски денеска на прес-конференција побара Обвинителството да отвори постапка зашто со денови Рек Битола е во колапс.

РЕК Битола веќе неколку дена е во колапс заради криминалните зделки и тендери на ВМРО-ДПМНЕ. Она што се случува во РЕК Битола не е никаква саботажа, туку корупција од епски размер и местење на тендери за неспособни партиски фирми. Тоа е саботажа врз државата и системот од страна на ДПМНЕ. Суштината на скандалот е следна, новото раководство на РЕК Битола, поставено од Владата на ВМРО-ДПМНЕ и лично блиско до премиерот Мицкоски, потпишало рамковна спогодба вредна 150 милиони денари за чистење со фантомска фирма без ниту еден вработен. Компанија без техничка опрема, без кадар и без искуство. И како шлаг на тортата – управителот, неофицијално, е молер со кривична историја во Германија. И како што секогаш бива, се случува хаварија во РЕК Битола, пожар. Блоковите испаѓаат од мрежата а ЕСМ веднаш излегува со термин – „саботажа“, рече тој.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот