ВИДЕО | Сантос за првпат во 111 години постоење испадна во втора лига, во градот настана хаос

Фото: Screenshot

Славниот бразилски клуб Сантос за првпат во својата 111-годишна историја ќе игра во втората бразилска лига.

Клубот од каде што потекнуваат Пеле и Нејмар вчера по поразот од Форталеза со 2:1 и официјално е второлигаш. За клубот ова е испишување на негативна историја бидејќи никогаш претходно не играле во второлигашко друштво.

Навивачите испаѓањето тешко го поднесоа, па низ градот Вила Белмиро настана вистински хаос. Како што може да се види на снимките беа запалени автомобили и автобуси, кои веројатно припѓаат на фудбалерите и клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот