Марина Овсјаникова/Фото: Твитер

ВИДЕО: Руската новинарка доби парична казна, Макрон и понуди азил

Францускиот претседател Емануел Макрон рече денеска дека неговата земја ќе и понуди помош на руската новинарка Марина Овсјаникова, која во информативната емисија на руската државна телевизија ја прекина со влегување во студио и со критикување на војната во Украина.

-Франција е подготвена на понуди „конзуларна заштита“ на руската новинарка, било во амбасадата или пак со одобрување на азил, рече Макрон.

Тој додаде дека тоа прашање ќе го постави во следниот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

„Прекинете ја војната. Не на војната“, извика новинарката среде емисијата додека водителката читаше вести. Кремљ нејзиното дело го оцени како облика на „хулиганство“.

„Ќе покренеме чекори со цел да пружиме заштита, било како азил за вашата колешка“, им рече францускиот претседател на новинарите.

Руската новинарка денеска се појави пред камерите по излегувањето од судот за прекршоци и им се заблагодари на сите за поддршката. Таа помина во полиција 14 часа.

Таа беше парично казнета со 30.000 рубљи односно 280 долари.

 

Според неколку извори нејзината казна се однесува на претходно објавеното видео на социјалните мрежи во кое тврдеше дека со години ја ширела пропагандата на Кремљ и дека се срами поради тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот