Фото: Victoria Jones / Avalon / Profimedia

ВИДЕО | Рони Вуд од „Ролинг Стоунс“ го поканил принцот Вилијам на турнеја: Ќе дојдам ако ја земете Тејлор Свифт со вас

Принцот Вилијам неодамна се дружел со гитаристот на „Ролинг Стоунс“, Рони Вуд, кој откри за што разговарале со идниот крал на Англија, а темите биле многу лежерни.

Иако средбата се одржала на доделувањето на наградите Tusk Conservation, кои се доделуваат од „Tusk Trust“ на водечките заштитници и борци за зашитита на дивите животни, Вилијам и Вуд, по фрмалниот дел разговарале и за музиката.

Церемонијата беше одржана во лондонскиот хотел Савој, а откако принцот го пофалил новиот албум на „Ролинг Стоунс“ – „Hackney Diamonds“, Рони Вуд го поканил да им се придружи на нивната претстојна турнеја. Со широка насмевка, принцот одговорил: „Со задоволство, но само ако ја донесете Тејлор Свифт со себе“.

Вилијам ианку е голем обожавател на американската кантавторка Тејлор Свифт со кој пееше пред десет години кога беше во палатата Кенсингтон за време на хуманитарен настан за собирање средства за „Центарпоинт“, добротворна организација за млади бездомници, кога Тејлор Свифт и Џон Бон Џови пееја на настанот.

„Кога ги видов во салата останав без зборови, а и денес се чувствувам малку засрамено кога ќе се сетам дека се качив на сцената и пеев со нив“, рекол принцот во едно интервју.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот