ВИДЕО | Роналдо со непримерен потег одговори на провокациите од трибините

Фото: Screenshot

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо се најде на мета на критик ина јавноста откако непримерно гестикулираше по победата на својот Ал Наср против Ал Шабаб во натпревар од саудиската Про лига во неделата.

Роналдо постигна гол во првото полувреме од непанл пред Бразилецот, Талиска во финишот да донесе победа за Ал Наср од 3:2.

По последниот судиски свиреж Роналдо се сврте кон домашните навивачи и неприемно им одговори на скандирањето „Меси, Меси“.

За ваквиот потег Роналдо доби критики, меѓутоа се наведува и дека Фудбалскиот сојуз на лигата отворил истрага. Роналдо во овој момент со 22 гола е водечки стрелец во првенството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот