фото: EPA-EFE/STR

ВИДЕО: Роналдо со мајсторски гол испиша историја, урна рекорд стар 70 години

Кристијано Роналдо постигна два гола во победата на Ал Наср од 3:0 над Ал Ахдуд во 14 коло од Саудиската фудбалска лига и испиша историја.

Имено, Португалецот стана играчот со најмногу постигнати голови во првите лиги во историјата на фудбалот.

Со 527 гола го надмина досегашниот рекордер Јозеф Бицан, австриско-чешкиот напаѓач кој играше од 1930-тите до 1950-тите.

Вториот гол на Роналдо на натпреварот беше вистинско ремек дело кое вреди да се погледне.

Голманот на гостите истрча далеку од својот гол, а Роналдо од околу 30 метри реализираше со фантастичен лоб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот