
ВИДЕО | Роберто Бенини ја посвети наградата на неговата сакана Николета: Ќе го поделиме овој крилест лав, јас ја земам опашката, а ти крилјата!
Филмскиот фестивал во Венеција полека се приближува кон крајот, а сите сè уште зборуваат за говорот на Роберто Бенини, кој го доби Златниот лав за животно дело.
Препорачано
Италијанскиот актер му се заблагодари на своето семејство, односно на неговата сопруга:
View this post on Instagram
– Во овој момент сакам да ги посветам мислите на Николета Браски, која е тука во салата. Правиме се заедно веќе 40 години. Знам само еден начин за мерење на времето: со или без тебе. Ќе го поделиме овој крилест лав, јас ја земам опашката, за да ти ја покажам мојата радост мавтајќи со опашката, а ти земи го остатокот. Првенствено крилјата, крилјата се твои, бидејќи ако понекогаш летав во мојата работа, тоа е благодарение на тебе, твојот талент, твојата мистерија, твојот шарм, твојата убавина, твојата женственост, фактот дека си жена, рече актерот и додаде:
View this post on Instagram
– Да се биде жена е мистерија што ние мажите не ја разбираме. Гручо Маркс беше во право кога рече: „Мажите се жени кои не успеале да бидат тоа“. И тоа е вистина. Не успеав да бидам како тебе, Николета. Ако сум направил нешто убаво или добро во мојот живот, тоа секогаш било преку твојата светлина. Нашата љубов беше на прв поглед, всушност на вечен поглед, заврши Роберто.
Говорот стана хит на социјалните мрежи
Актерот стана светски познат во филмот „Животот е убав“ од 1997 година, трагикомедија за Холокаустот. Во тоа остварување, Бенини игра Евреин кој го спасува своето дете убедувајќи го дека нивното одење во концентрационен логор е само игра што им овозможува да освојат тенк во случај на победа.
View this post on Instagram
Актерскиот квалитет и силната емоција на Бенини од тој филм му донесоа награда на жирито во 1998 година на Канскиот филмски фестивал, како и три Оскари во 1999 година за најдобар странски филм, најдобра музика и најдобра машка улога.