Фото: Rangers FC

ВИДЕО: Ренџерс го прегази Селтик во „Олд Фирм“ дербито

Екипата на Ренџерс славеше убедлива победа во „Олд Фирм“ дербито против Селтик од 3:0 и за нив ова беше прв триумф по дури седум натпревари.

Долго време Ренџерс чекаше за победа над Селтик, претходно победи во мај 2023 година и оттогаш одиграа седум натпревари во кои не се израдуваа на победа.

Денес одиграа одличен натпревар и така ставија крај на таа црна серија. Победата на Ренџерс беше најавена од Хаџи по само седум минути и тоа беше единствениот гол во првото полувреме

Во вториот дел погодуваа Пропер и Данило за убедливи 3:0. Сепак, иако Ренџерс победи сепак е далеку од врвот на табелата бидејќи Селтик по 19 одиграни кола има 11 бодови предност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот