Победниците на Red Bull Half Court / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

ВИДЕО | Red Bull Half Court: Од Бутел до Њујорк, спектакл на игралиштето во Влае

На 15 јуни, на кошаркарското игралиште во Влае се одржа националниот Red Bull Half Court турнир каде беа прогласени најдобрите македонски улични кошаркари кои во октомври ќе одат на Светското финале во Њујорк.

На познатиот терен во Влае, кој за потребите на овој турнир беше дизајниран од страна на Сатја Грабулоски, сопственикот на SWithADot, беше крунисан новиот национален Red Bull Half Court победник – екипата на Бутел 3×3.

Победниците на Red Bull Half Court / Фото Слободен печат / Драган Митрески
Победниците на Red Bull Half Court / Фото Слободен печат / Драган Митрески

Екипата на „Слободен печат“ учествуваше на настанот и проследи квалитетен баскет, добра музика, и одлична забава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот