Хали бери, Дејвид Џастис - Фото: Принтскрин/Јутјуб

ВИДЕО | Речиси 30 години подоцна: Првиот сопруг на Хали Бери проговори за причините за нивниот развод

Дејвид Џастис, поранешниот сопруг на актерката Хали Бери, отворено проговори за прв пат по речиси триесет години за причините за нивниот развод, кој се случи во 1997 година. Во неодамнешното појавување во подкастот „All the Smoke“, Џастис призна дека нивната врска била интензивна од самиот почеток, но и пребрза.

Имено, Хали му предложила брак по пет месеци врска, а тој се согласил „затоа што тогаш кој би можел да каже не“. Ретроспективно, тој признава дека во тоа време не бил сигурен дали неговите чувства се доволно силни и дека се водел од моментот, а не од емоционалната зрелост.

„Таа не готвеше ниту чистеше“

Џастис нагласи дека прашањето за традиционалните очекувања за бракот било клучно во неговата одлука. Израснат на американскиот Среден Запад, тој имал слика за сопруга која готвела, чистела и била посветена на семејството, што не се совпаѓало со начинот на живот на Хали во тоа време и кариерата како успешна актерка која често патувала за снимање. Тој рече:

„Почнав да се прашувам – дали таа е жената со која сакам да имам деца и да изградам семејство?Таа не готвеше, не чистеше, не покажуваше мајчински инстинкти и оттука започнаа нашите проблеми.“

Тој додаде дека никогаш немало неверство меѓу нив, но разликите и недостатокот на зрелост довее до разделба.

Друг значаен фактор било темпото на нивните кариери – тие често биле разделени поради работни обврски, што било дополнителен притисок врз бракот. Џастис верува дека заедничката терапија можеби им помогнала да ги надминат несогласувањата, но во тоа време не биле свесни за таквите опции. Иако раскинале, Џастис сега тврди дека немало големи скандали или „големи проблеми“ – тие едноставно биле премногу млади и не биле подготвени за сериозен живот заедно.

Денес, Џастис е во втор брак и татко на три деца, додека Хали Бери беше во брак неколку пати и моментално е во врска со музичарот Ван Хант.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот