Фото: Screenshot

ВИДЕО | Реакцијата на Јокиќ по неспортскиот потег на кошаркарите на Клиперс

Никола Јокиќ со својот Денвер изминатата вечер славеше победа против ЛА Клиперс од 111:108, а во овој натпревар кој имаше драматичен финиш видовме и еден неспортски потег.

На кошаркарите на Клиперс тешко им падна поразот, па по звукот на сирената не сакаа да се поздрават со противничките кошаркари, што секогаш е случај по натпреварите во најсилната кошаркарска лига.

На социјалните мрежи се појави и видео со реакција на Јокиќ на ваквото однесување на противничките кошаркари. По последниот звук на сирената, Јокиќ се сврте кон кошаркарите на Клиперс, но неговите ривали немаа намера да му подадат рака и веднаш заминаа во соблекувалната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот