
ВИДЕО | Расел Бренд проговори за разводот со Кети Пери: „Таа не е сосема нормална личност“
Актерот и комичар Расел Бренд зборуваше за бракот со пејачката Кети Пери во најновата епизода од неговиот поткаст „Остани слободен со Расел Бренд“.
Препорачано
Зборувајќи за нивниот развод, тој откри дека на тој период од животот не гледа со лоши емоции.
Видеото од поткастот беше поставено на платформата „Икс“, каде што брзо стана вирално, со повеќе од 9,3 милиони прегледи.
When I was married to Katy Perry, there wasn’t anything off-key with her, nor was she involved in anything nefarious.
Our marriage didn’t work out for normal, human reasons. I have nothing but respect for her!
(Plus, my daughters LOVE Katy Perry) pic.twitter.com/QwVyIKVkjs
— Russell Brand (@rustyrockets) April 3, 2025
„Морам да кажам дека бракот со Кети Пери ме натера да сфатам дека таа не е сосема нормална личност – таа е извонредна поради нејзината слава, но не можам да кажам дека е чудна. Колку што можев да видам, таа никогаш не била вмешана во ништо што е лошо“, изјавил Расел.
Иако бракот заврши, Бренд нагласи дека причините за разводот биле нормални, човечки причини, а сега чувствува само почит кон Кејт.
Сепак, реакциите на следбениците беа поделени.
„Ти си причината зошто бракот со Кети Пери не функционираше“, „Шокирана сум што Кети Пери дури се омажи за тебе, чуден си“, „Холивуд не е идеална средина за среќен брак“, беа дел од коментарите.
Бренд и Пери се разведоа во 2012 година, по само 14 месеци брак. Бренд поднесе барање за развод, наведувајќи ги непомирливите разлики. Покрај тоа, Пери била информирана за одлуката на својот сопруг преку СМС-порака.