Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

ВИДЕО | Рамос не дозволи финалистот од ЛШ да слави во првиот натпревар на Светското клупско првенство
Фудбалерите на Интер не победија на стартот од Светското клупско првенство, одигрувајќи само 1:1 против Монтереј. Европскиот вицешампион важеше за апсолутен фаворит, но мексиканскиот тим, предводен од капитенот Серхио Рамос, одигра одлично.
Препорачано
Токму искусниот 39-годишен Рамос во 25. минута донесе водството за Монтереј, кога по еден корнер, со удар со глава го совлада Јан Зомер. Радоста на Мексиканците не траеше долго бидејќи веќе во 42. минута Интер израмни преку Лаутаро Мартинез, кој погоди по асистенција од Карлос Аугусто.
Во второто полувреме и двете екипи имаа по една стопроцентна шанса за победа. Монтереј беше блиску до нов гол во 64. минута, кога Серхио Каналес ја погоди стативата, додека Лаутаро Мартинез промаши чиста шанса од само седум метри во 77. минута.
🤍🍷Sergio Ramos is named the MOTM against Inter Milan.
39 years old. pic.twitter.com/cAPinKsydJ
— Madrid Xtra (@MadridXtra) June 18, 2025
Средбата заврши со поделба на бодовите, а за најдобар играч на натпреварот беше прогласен Серхио Рамос. Во второто коло, Интер ќе се сретне со Урава, додека Монтереј ќе игра против Ривер Плејт. Потсетување, Ривер во првото коло славеше над Урава со 3:1.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5мин
-
9мин
-
15мин
-
18мин
-
23мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5