фото: EPA-EFE/JONO SEARLE

ВИДЕО: Рафа Надал се врати во голем стил, го исфрли Доминик Тим од турнирот во Бризбејн

Рафаел Надал по една година пауза му се врати на тенисот, триумфирајќи во својот прв меч на турнирот во Бризбејн, Австралија.

Шпанецот го елиминираше поранешниот освојувач на „УС Опен“, Доминик Тим, со резултат 2:0 во сетови 7:5 и 6:1.

Навивачите се возбудени поради враќањето на „Бикот од Мајорка“, а тој им возврати со една одлична партија против Австриецот.

Во првиот сет се виде голема борба, а Надал овој период од играта го реши во своја полза со 7:5.

Во вториот сет доминираше Рафа кој со 6:1 го совлада Тим и се пласираше во следната рунда каде ќе игра против подобриот од дуелот Карацев – Кублер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот