Пукање во Подгорица, Црна Гора/ Фото: скриншот

ВИДЕО | Пукање во Подгорица: убиен припадник на шкаљарскиот клан, а друг е ранет

Во пукање во ноќен бар во Подгорица, доцна синоќа убиен е припадник на шкаљарскиот клан, а друг е ранет, пренесува РТЦГ.

Како што наведува црногорскиот медиум, убиениот е Иван Милачиќ, а ранетиот е С.Р. Полицијата е се уште не терен, а барот каде што било пукањето е затворен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 122_mne_video (@122_mne_video)

Полициската управа синоќа издаде соопштение.

„Околу пет минути пред полноќ, на улицата Светозара Марковиќ во Подгорица е употребено огнено оружје, при што едно лице е убиено, а едно е рането. Службениците на Полициската управа преземаат итни, сеопфатни мерки и дејствија во соработка со обвинителот во Вишото државно обвинителство во Подгорица со цел да се утврдат сите факти и околности на настанот, да се идентификува, лоцира и лиши сторителот од слобода и да се расветли целиот настан. Ќе ја информираме јавноста за понатамошниот тек на преземените активности“, соопшти полицијата.

Пукањето се случило во барот „Таормина“.

Очевидци на настанот рекле дека едно лице пукало во градината на барот, а потоа избегало. Сведоците слушнале помеѓу шест и осум истрели.

Пукањето што се случило ноќеска е второ во последните четири дена во областа на Подгорица. На 16 јули, Игор Недовиќ (29) беше убиен во близина на неговата семејна куќа во Стара Варош.

Осомничен за убиството е Аријан Речковиќ (22), по кого полицијата трага од средината на мај, кога се обидел да го убие и сега починатиот Недовиќ.

Доживотни казни за убијците на поранешниот водач на Шкаљарскиот клан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот