Фото: EPA-EFE/Juan Carlos Hidalgo

ВИДЕО | Противнички тренер му ја бакна раката на Обрадовиќ

Tимот на Партизан ги започна подготовките за новата сезона, а како дел од тие подготовки учествуваше и на силен турнир во Грција каде што вчера се сретна со Анадолу Ефес.

Избраниците на Жељко Обрадовиќ го загубија овој натпревар со 81:79, но моментот кој привлече најмногу внимание се случи пред почетокот на средбата.

Добро познато е колку во кошаркарскиот свет е ценет Жељко Обрадовиќ, а доказ за тоа е последниот потег на неговиот ученик од минатото Ердем Џан. Во времето кога Обрадовиоќ беше тренер на Фенербахче, Џан му беше помошник.

Сега во знак на почит кон својот учител пред нивниот меѓусебен дуел му ја бакна раката.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот