Фото: Фејсбук

ВИДЕО | Превртен автомобил во Драчево: Колку луѓе треба да умрат пред нешто да се преземе?

„Колку животи треба да се изгубат на улица „Јустинијан Први“ за конечно да се преземе нешто?!“, прашуваат жители на Драчево откако вчера попладне се случи уште една тешка сообраќајна несреќа предизвикана од безобѕирен возач на улицата „Јустинијан Први“ во скопската населба.

„Денеска повторно автомобил излета од коловозот и заврши во двор на жител. Само по среќа немаше жртви. Но до кога ќе се потпираме на среќата? Утре тоа може да биде нечиј син, ќерка или родител згмечен на тротоар! Години наназад алармираме на оваа улица се вози како на автопат! Нема лежечки полицајци, нема контрола. Се што некогаш беше поставено, одамна е уништено од нашите сонародници, во 3 часот ноќе со копач ги корнат и со камиони кочат на нив да ги одкорнат, а институциите молчат. Нивната незаинтересираност е директна закана за животите на жителите!“, велат жители на населбата, кои објавија и морничави снимки од вчерашната несреќа, по која автомобил заврши превртен на покривот.

„Доста е со празни ветувања и молк! Бараме ИТНИ мерки поставување на лежечки полицајци. Не утре, не, кога ќе има средства, туку сега пред да има мртви! Ако општината и надлежните органи продолжат да си ги затвораат очите, секоја идна несреќа и секоја изгубена жртва ќе биде нивна одговорност нивно злосторство со премолчена дозвола! Градоначалниче Орце Ѓорѓиевски – Orce Gjorgjievski, те повикуваме да реагираш!
Жителите на оваа улица очекуваат од тебе итно да се постават лежечки полицајци. Време е безбедноста на граѓаните да биде на прво место пред да дојде до трагедија!“, пишува во објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот