фото: EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

ВИДЕО: Пресврт на Ѓоковиќ за полуфинале на „Ролан Гарос“

За првпат на годинешниот „Ролан Гарос“, Новак Ѓоковиќ загуби сет, но тоа не го спречи српскиот тенисер да запише уште еден триумф во Париз. Ѓоковиќ по 12. пат во својата кариера обезбеди пласман во полуфиналето на „Ролан Гарос“.

Српскиот тенисер со резултат 3:1 во сетови, по три часа и 38 минути игра, го елиминираше Карен Хачанов.

Првиот сет му припадна на Русинот со 4:6, но потоа следуваше пресвртот на Ноле, кој најпрвин израмни откако вториот сет го доби во тај-брејк.

Третиот светски рекет блескаше во третиот сет, добивајќи го со 6:2, а доминацијата ја потврди во четвртиот (6:4) за поставување на конечниот епилог.

Противник на Ѓоковиќ во полуфиналето ќе му биде подобриот од четвртфиналната пресметка во која се среќаваат првиот светски рекет Карлос Алкараз (Шпанија) и петтиот носител на турнирот, Стефанос Циципас (Грција).

Втората полуфинална двојка ќе ја дознаеме в среда по мечевите: А. Зверев – Т.М. Ечевери и Х. Руне – К. Руд.

Во женска конкуренција веќе е познат првиот полуфинален пар, Арина Сабаленка ќе игра против Каролина Мухова (Чешка) која претходно ја совлада Русинката Анастасија Пављученкова.

Втората носителка на турнирот, Белорусинката Сабаленка двапати со 6:4 триумфираше против Елина Свитолина од Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот