Златан Ибрахимовиќ во новата реклама на „H&M“ / Фото: Скриншот, Јутјуб

ВИДЕО | Пресмешна двојка: Реклама со Златан Ибрахимовиќ и Џејн Фонда е вистински хит

Шведскиот моден бренд „H&M“ го ангажираше фудбалерот Златан Ибрахимовиќ да биде заштитно лице на нивната нова кампања „Движи се“.

За потребните на кампањата, фудбалерот сними забавна реклама со легендарната актерка Џејн Фонда, која, меѓу другото, беше и фитнес-икона во осумдесеттите.

Имено, на рекламата е прикажан симпатичен видеоразговор меѓу Ибрахимовиќ и Фонда, која му дава инструкции како да вежба.

„Ајде Златан, побргу, спушти се на под“, Фонда е „немилосрдна“.

„Дали ова е во ред, Џејн?“, ја прашува тој додека стои на раце.

„Не е лошо за некој на твоја возраст“, му одговара таа.

Рекламата доживеа голема популарност на социјалните мрежи, каде луѓето споделуваат дека многу се забавувале додека ја гледале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот