Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHER NEUNDORF

ВИДЕО | Прекрасна сцена: Чаби Алонсо го водеше навивањето на трибината со фановите на Леверкузен

Чаби Алонсо ќе остане запишан како најуспешниот тренер во историјата на Баер Леверкузен.

За неполни две години шпанскиот стратег успеа да ја освои Бундеслигата и тоа без ниту еден пораз, а тимот го чекаат две финалиња во Купот на Германија и Лигата на Европа.

По денешниот последен натпревар во сезоната во Бундеслигата против Аугусбург Алонсо одлучи да им се придружи на најверните навивачи на трибината и кратко да го води навивањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот