ВИДЕО | Пратеник со плата од 116.000 денари против синдикалец со плата од 50.000 денари

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски кој има плата од 116 илјади денари и тоа без додатоците, денеска на прес-конференција го нападна раководството на Синдикатот дека има плата над 50 илјади денари. Синдикатот не е буџетска институција и се финансира од членарина и има над 75 илјади членови.

Според информациите кои стигнаа до нас од свиркачи од ССМ, Стојанче Кашиковски, претседател на синдикатот на работниците од угостителството, туризмот и комунално-станбено стопанство остварува и дополнителни годишни примања покрај платата. Вкупните примања на Кашиковски во 2023 година, во кои влегува неговата плата и примања по други основи, биле над 810.000 денари. Ова се синдикалците на Трендафилов и ССМ, не се знае кој од кој поголеми примања има. Според свиркачите од ССМ, кои се разочарани од актуелното раководство, Трендафилов и луѓето околу него го претвориле синдикатот во приватна фирма. Трендафилов и луѓето околу него одработуваат за нивните позиции по ноти на СДСМ, кои и ги поставија на нелегитимен начин. Ова се луѓето кои додека ги лажат работниците за минималец, тие земаат плати неколку пати поголеми од тоа од синдикатот, рече Петрушевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот