Фото: Принтскрин/Јутјуб

ВИДЕО | Познатиот илузионист Дејвид Блејн има ново шоу: Тој е целосно бестрашен и апсолутно брилијантен

Работата на познатиот илузионист Дејвид Блејн низ годините драстично се менуваше, од тестовите за издржливост, се до филмот „Вистина или магија“ тој освои многу обожаватели низ светотот особено со ноќните ток-шоуа. Било да се класични трикови или далеку попознатите тестови за издржливост, тој речиси го достигна нивото на Коперфилд.

Блејн одлучи да оди чекор понапред, почна да ја емитува својата нова серија „Дејвид Блејн: Не се обидувај“ која премиерно беше прикажана на Националниот географски канал (National Geographic) на 23 март 2025 година, а достапна е и на платформите за стриминг „Хулу“ и „Дизни +“

Истражување на светот низ магија

Тоа е нова документарна серија од шест дела која го следи Блејн додека патува низ светот истражувајќи извонредни култури низ призмата на магијата. Во секоја епизода, Блејн посетува различни делови од светот, вклучувајќи ги Бразил, Југоисточна Азија, Индија, Арктичкиот круг, Јужна Африка и Јапонија, каде што се среќава со локални волшебници, илузионисти и екипа кои ги прават истите луди работи како него.

Со други зборови, тој патува и се дружи со пријатели и другари кои го охрабруваат и му помагаат да постигне сè што ќе му дојде на ум.

Филмот соджи  сè што е „налик на Дејвид Блејн“, од ставање нож до носот, пливање со анаконда тешка 220 килограми или самозапалување и скок од мост. Токму ова е главната идеја на првата епизода, а Блејн, „мртов“ сериозен, во еден момент зборува за тоа како со години размислувал колку би било прекрасно да се запали и да скокне во реката додека гори.

Како и секогаш, оваа комбинација на неговата лудост и емоционално отсутен ентузијазам уште еднаш вроди со плод и, колку и да е нејасно зошто некој со здрав ум би го направил тоа што го прави Блејн, вие сепак сте вовлечени во неговиот бизарен свет.

„Дејвид Блејн: Не се обидувај“ им дава на гледачите уникатен увид во различните култури и нивните извонредни традиции, истовремено прикажувајќи ја посветеноста на Блејн за истражување на границите на човечката издржливост. Не е за секого, но дефинитивно ќе ве забавува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот