Фото: EPA/HERBERT NEUBAUER

ВИДЕО | Познатиот актер Расел Бренд обвинет за силување и сексуален напад на 4 жени, вклучувајќи и 16-годишно девојче

Расел Бренд е обвинет за силување, сексуален напад и малтретирање на четири жени во текот на седум години, а една жртва била 16-годишно девојче, кое тој наводно го нарекол „детето“, се вели во извештајот, кој британскиот актер и комичар го негираше пред неговото објавување, пишува „Њујорк пост“ (Nypost).

Обвиненијата против 48-годишниот актер, инаку поранешен сопруг на Кети Пери, потекнуваат од врвот на неговата слава помеѓу 2006 и 2013 година, според истрагата објавена во саботата од лондонскиот „Тајмс“ (Тhe Times) и „Канал 4 Диспечес“ (Channel 4 Dispatches).

Една жена тврди дека ѕвездата од „Get Him to the Greek“ ја силувал на ѕидот од неговиот дом во Лос Анџелес и истиот ден била лекувана во кризниот центарот за силување, според медицинските досиеја, цитирани од медиумите.

Подоцна жената му кажала на Бренд дека била исплашена и се чувствувала искористена, велејќи му: „Кога една девојка (вели) НЕ, тоа значи не“ – на што тој одговорил дека му е „многу жал“, покажуваат СМС пораките цитирани во извештајот.

Според извештајот, другата наводна жртва, која тогаш имала 16 години, тврдела дека во тоа време 31-годишниот актер ја нарекол „дете“ и ја нападнал за време на нивната „емоционално контролирана и злоставувачка“ тримесечна врска.

Третата наводна жртва која го обвинува актерот за злоставување тврди дека тој сексуално ја нападнал кога работела со него во Холивуд и ѝ се заканил со правна постапка против неа доколку излезе во јавност со обвинувањата, а четвртата наводна жртва вели дека тој сексуално ја нападнал и ја малтретирал физички и психички.

Повеќето од жените кои излегле со своите приказни сакале да останат анонимни во експозето и последователниот документарен филм што ќе биде објавен во сабота на серијата „Диспечи“ на „Канал 4“.

Бренд ги негираше наводите во видео објавено на YouTube и „X“ (Твитер), предупредувајќи ги фановите за „сериозни криминални“ наводи за кои најави дека ќе бидат изречени против него.

„Добив две екстремно вознемирувачки писма, едно од мејнстрим медиумска ТВ компанија, едно од весник, во кои се наведени низа еклатантни и агресивни напади“, вели тој.

„Помеѓу оваа литанија од зачудувачки, прилично барокни напади, има некои многу сериозни наводи што јас апсолутно ги отфрлам“.

Актерот рече дека обвинувањата потекнуваат од времето кога тој бил „многу, многу промискуитетен“, за што рече дека пишувал обемно во своите книги.

„В0 тоа време на промискуитет, односите што ги имав беа апсолутно, секогаш консензуални“, рече тој.

Актерот рече дека верува дека бил предмет на „координиран напад“ и дека ќе ја разгледа работата затоа што е „многу, многу сериозно“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!