Венди Вилијамс - Фото: Принтскрин/ Јутјуб

ВИДЕО | Познатата водителка Венди Вилијамс молела за помош преку прозорец, набрзо била префрлена во болница

Поранешната водителка Венди Вилијамс е хоспитализирана откако била снимена на прозорецот на центарот за нега во Њујорк.

Во рацете држела парче хартија на кое пишувало: „Помош! Венди!!“ Извор од полицијата за „Њујорк пост“ изјавил дека била спроведена во возило на брза помош, по што била пренесена во болница.

Фото: – / INSTAR Images / Profimedia

Нејзините адвокати кон крајот на минатата година изјавија дека била прогласена за когнитивно оштетена и трајно неспособна. Нејзиниот тим изјави дека во 2023 година и била дијагностицирана примарна прогресивна афазија и фронтотемпорална деменција. Сепак, таа ја негира оваа дијагноза и побара од судијата да ѝ го прекине старателството, кое над неа го има Сабрина Морисеј. Вилијамс тврди дека може повторно да функционира независно.

За потсетување, Венди претходно ја опиша својата ситуација како „емоционална злоупотреба“.

„Не сум когнитивно оштетена, но се чувствувам како да сум во затвор“, изјави поранешната водителка на „Венди Вилијамс шоу“.

“Изолирана сум. Не сакам да разговарам со луѓето кои живеат овде. Гледам телевизија, слушам радио, гледам низ прозорецот. Седам овде и животот ми поминува. Не ми дозволија да ги земам моите мачки со себе, а јас навистина сакав”, додала таа.

За потсетување, на Венди Вилијамс и беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција и афазија во 2023 година. Нејзиниот старател, Сабрина Е. Морисеј, кон крајот на минатата година изјави дека нејзината деменција напредувала, а адвокатите на Венди изјавија дека таа била прогласена за когнитивно оштетена и трајно неспособна.

Афазијата влијае на комуникациските способности, додека фронтотемпоралната деменција (FTD), прогресивно нарушување, влијае на однесувањето и когнитивната функција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот