
ВИДЕО | Позната актерка доживеа несреќа на лента за трчање: „Неколку слоја од кожата ми се целосно излижани“
Британската актерка Ники Сандерсон (41), позната по својата долгогодишна улога во серијата „Холиокс“ (Hollyoaks), заврши во болница откако доживеа несреќа на лента за трчање.
Препорачано
Како што самата објави, при падот ја повредила брадата и излижала „неколку слоја кожа“ од рацете и колената. Лекарите ѝ ја санирале раскрварената рана, а актерката упати и сериозно предупредување до своите следбеници.
Сандерсон на својот инстаграм-профил објави видео од моментот на несреќата, кое го нарече „епски неуспех на лента за трчање“. На снимката се гледа како таа се обидува да ја промени насоката на движење, но ја губи рамнотежата и паѓа со лице на подвижната подлога.
„ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ова навистина болеше. Завршив на пат кон болница со раскрварена брада и неколку слоја кожа целосно излижани од рацете и колената“, напиша актерката.
Таа додаде дека станува збор за лична грешка, а не за технички проблем со уредот: „Не обидувајте се со ова дома, деца. Ова беше исклучиво моја глупава грешка“.
Да потсетиме, Ники Сандерсон е британска актерка и телевизиска водителка. Од 1999 до 2005 година ја толкуваше улогата на Кендис Стов во серијата „Коронејшан стрит“ (Coronation Street), а од 2012 до 2025 година беше дел од „Холиокс“ во улогата на Максин Минивер.
Во март годинава таа објави дека по 13 години заминува од серијата „Холиокс“.
„Максин е огромен дел од мојот живот и улога која ја сакав. Тешко е да се каже: ‘Време е’, и одлуката не ја донесов преку ноќ“, изјави тогаш за „Мирор“.
Сепак, актерката не ја исклучува можноста да се врати во светот на сапунските серии, а особено би сакала повторно да се појави во „Коронејшан стрит“, серијата во која ја започна својата кариера.