Фото: Скриншот/Инстаграм

ВИДЕО | „Повторно очајно издание“: Џенифер Лопез шокираше со провокативен изглед на геј фестивал!

Поп ѕвездата Џенифер Лопез, која неодамна наполни 55 години, изминатиот викенд настапи на фестивалот „World Pride“ во Вашингтон, а нејзиниот стајлинг предизвика силни реакции во јавноста. Додека дел од обожавателите со воодушевување ја поздравија нејзината смелост, други жестоко ја критикуваа.

На сцената, пејачката се појави во неколку впечатливи изданија, но најголемо внимание привлече сребрениот костим со стотици светкави кристали, со длабоко деколте и висок изрез на бедрата, дизајн на модната куќа „Де Блондс“.


Многумина оценија дека овој избор на гардероба открива повеќе отколку што е прифатливо.

„Облечи нешто на себе“, „Однесувај се во склад со годините“, „Изгледаш одлично, но ова е премногу“, беа дел од критичките коментари на социјалните мрежи. Имаше и такви кои ја нарекоа „очајна“ и ја обвинија дека по секоја цена се обидува да биде во центарот на вниманието.

Но, Џеј Ло и натаму има армија верни фанови кои секогаш ја поддржуваат.

„Секогаш кога мислиме дека нема со што ново да не изненади, таа повторно успева“, „Ако изгледав како неа, и јас ќе се појавев така“, „Критиките се само резултат на љубомора“, ѝ порачаа обожавателите.

Настапот доаѓа по нејзиното појавување на Американските музички награди, каде што предизвика контроверзии со тоа што се бакна и со машки и со женски танчер. И тогаш ја обвинија дека ги користи ЛГБТК елементите во настапите за маркетинг, а не од искрена поддршка на заедницата. Дел од коментарите беа навредливи, алудирајќи дека сè прави со цел повторно да го привлече вниманието на поранешниот сопруг Бен Афлек.

И покрај бурните реакции, Лопез на сцената им оддаде признание на своите ЛГБТК фанови.

„Години наназад сте моја сила и поддршка. Денес сум тука да ве славам. Пресреќна сум што можам да прославам заедништво, различност, љубов и слобода“, рече таа пред публиката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот