
ВИДЕО | Потврдена е најомразената врска на годината: Сидни Свини и Скутер Браун фатени на состанок
Се чини дека Сидни Свини и Скутер Браун решиле да ја потврдат својата врска. Откако се појавија гласини дека ѕвездата од „Еуфорија“ и познатиот музички менаџер се нов љубовен пар, тие беа видени на заедничка вечера во Лос Анџелес, пишува „Дејли мејл“.
Препорачано
Двојката вечерала во популарниот ресторан „Џон и Вини“ во Лос Анџелес на 24 септември, а снимките ги покажуваат во опуштена атмосфера. Тие биле расположени, смеејќи се со пријателите кои им се придружиле на масата. Откако вечерта завршила, 44-годишниот Браун се покажал како вистински господин, отворајќи ја вратата од автомобилот за 28-годишната актерка додека го напуштале италијанскиот ресторан.
Иако бројни медиуми објавија за нивната врска претходно овој месец, гласините всушност почнаа да кружат уште во јуни, откако тие заедно присуствуваа на свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез во Италија.
Оваа романса за Сидни доаѓа откако таа ја раскина свршувачката со Џонатан Давино во март, по седум години врска. По раскинувањето, актерката откри како го променила својот став за своите приоритети.
„Учам многу за себе, поминувам повеќе време со пријателите. И тоа ми се допаѓа“, изјави таа за „Сандеј тајмс“ во мај.
Иако Сидни молчеше за деталите од раскинувањето, Скутер претходно зборуваше за својата врска со поранешната сопруга Јаел Коен Браун, со која има три деца: 10-годишниот Џегер, 8-годишниот Леви и 6-годишниот Харт.
„Ние сме семејство засекогаш“, објасни тој во јуни во поtкастот „Дневникот на извршниот директор“. „Создадени сме да бидеме неверојатни ко-родители. Создадени сме да влеземе во животите еден на друг за да си помагаме еден на друг, да бидеме подобри на различни начини преку скршеното срце од завршувањето на нашата врска. Бевме споени за да создадеме три неверојатни души.“
Сидни и Џонатан ја раскинаа својата свршувачка и седумгодишна врска во март. Кратко пред да биде потврдена раскинувањето, Сидни беше видена на свадбата на актерот Глен Пауел, со кого ја поврзуваа за време на промоцијата на филмот „Секој освен тебе“. Сепак, мајката на Глен ги негираше гласините, наведувајќи дека Сидни е само „пријател“ на семејството.