
ВИДЕО: Пороен дожд го поплави Миконос, водата носеше сè пред себе
Големо невреме со пороен дожд попладнево ги зафати Кикладите, острови во Егејското Море, а најпогодени се Парос и Миконос, каде улиците се претворија во реки, а локалните власти го забранија сообраќајот на сите возила, пишува „Катимерини“.
Препорачано
Училиштата на двата острова утре ќе останат затворени. Драматичните снимки објавени на социјалните мрежи покажуваат како поројот носеше сè пред себе: камења, дрвја, предмети од терасите, а десетици автомобили завршија во морето.
On the island of Paros in Greece, a cyclone caused rivers to overflow their banks in several regions of the country. Mykonos is also flooding.https://t.co/JLktol9D9x pic.twitter.com/vetsaTJa5j
— Гакрукс (@Gakruks1) March 31, 2025
Невремето започнало околу 15 часот и предизвикало проблеми на повеќе патни мрежи, а најпогоден е градот Науса каде што се излеала реката. За среќа, нема повредени луѓе.
On the island of Paros in Greece, a cyclone caused rivers to overflow their banks in several regions of the country. Mykonos is also flooding.https://t.co/JLktol9D9x pic.twitter.com/vetsaTJa5j
— Гакрукс (@Gakruks1) March 31, 2025
Откако беше испратена пораката од 112 за забрана за движење на возила и од општина Парос преку соопштение ги повикаа жителите и посетителите на островот, „поради опасните временски појави што го зафатија островот, како и големите штети што се предизвикани на патната мрежа, да не се сообраќаат по патната мрежа“.
– Оштетувањата на патната мрежа опфаќаат одрони, поплави и уривања на делови од мрежата, што го прави сообраќајот опасен. Општината во соработка со надлежните служби прави максимални напори за справување со вонредната состојба. Се молат сите жители и посетители на островот да ги следат упатствата на надлежните органи, соопштија локалните власти.