Фото: ФК Пелистер

ВИДЕО: Пораз за Престон Лајонс во вториот натпревар во Македонија, Пелистер се радуваше во Битола

Денеска во Битола фудбалерите на Престон Лајонс од Австралија го одиграа вториот натпревар во Македонија и тоа против Пелистер во кој загубија со 1-0.

Во еден натпревар со малку шанси и повеќе игра на средината од теренот одлучувачкиот момент се случи во вториот дел кога по една игра со рака на гостински фудбалер во својот шеснаесетникот Пелистер доби пенал.

Иако, чуварот на мрежата на Престон го одбрани ударот, Здравевски по одбивањето ја смести топката во мрежата.

За македонскиот клуб од Австралија ова е прв поаз во вториот натпревар во земјава откако пред два дена го победија Вардар во Скопје со 4-2.

Според најавите во наредните денови Престон ќе одигра натпревар и во Охрид.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот