Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

ВИДЕО | Поранешната сопруга го обвини Хулк Хоган: „Тој е лажго и зависник од секс“

Поранешната професионална боречка ѕвезда и прославен актер Хулк Хоган и неговата, сега веќе поранешна сопруга, Линда Клариџ се разведоа во 2009 година по 26 години брак, а оттогаш нивните семејни односи се влошија.

Линда во своето последно видео објавено на социјалните мрежи проговори за бракот со нејзиниот поранешен сопруг, обвинувајќи го дека е „зависник од секс“ кој им го уништил семејството.

За потсетување, парот се разведе во 2009 година по 26 години брак, а нивните семејни односи оттогаш се влошија. Клариџ призна дека сè уште носи емоционални рани и дека не може да поверува во каков хаос заврши нивната врска и додаде дека за неа е особено болно што не е во контакт со нивната ќерка Брук, која неодамна доби близнаци и се омажи без да ѝ каже.

Од друга страна, таа сè уште е во контакт со својот син Ник.

„Добро сум со повеќето работи, но денес нешто ме погоди. Поминаа 15 или повеќе години откако го напуштив Хулк Хоган, а моето семејство сè уште е во неред. Брук не зборува со нас. Роди близнаци, се омажи а нас не ни кажа. Имаше голема расправија со него, а тоа се одрази на мене. Не знам зашто мене ме исфрли од својот живот. Поминаа речиси 8 години откако не разговараме. Бог нека го благослови Ник, тој е добро момче“, рече таа.

Обвинувањата за неверство на Хоган не се нови,  дури и за време на разводот се тврдеше дека тој имал афера со најдобрата пријателка на својата ќерка Брук. Сепак, правниот тим на Хулк ги отфрли тврдењата, тврдејќи дека Клариџ само бара внимание.

Поранешниот борач повторно се ожени по трет пат минатата година со Скај Дејли, откако неговиот брак со Џенифер Мек Даниел се распадна во 2021 година.

„Морам да бидам искрена низ што поминав во мојот брак. И што значеше сето тоа и што предизвика со текот на годините. Тој е лажго. Тој е зависник од секс … Му дадов шанса да се врати и да го поправи семејството. Поминаа 20 години а јас сè уште сум многу тажна, може ли некој да ми го објасни тоа. Сакам да живеам сама, никогаш повторно нема да се омажам, верувајте ми“, истакна Линда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот